Association Marocaine des Enseignants de Français

Меѓународен симпозиум на тема Истото, сличното и различното во јазикот, во книжевноста и во културата во франкофонските земји,

Почитувани,

 

По повод 70 години од основањето, Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од Скопје, организира Меѓународен симпозиум на тема Истото, сличното и различното во јазикот, во книжевноста и во културата во франкофонските земји, кој ќе се одржи во петок и во сабота (4 и 5 ноември) 2016 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, во Скопје. На симпозиумот ќе земат учество 56 учесници од 13 земји, кои ќе презентираат 51 реферат. 

Ве покануваме на научниот собир кој ќе се отвори во 9.15 часот во петок 4 ноември 2016 г., во Салата за седници.

 

Со почит,

Проф. д-р Звонко Никодиновски (претседател на одборот)

Проф. д-р Ирина Бабамова ( Раководиле на Катедрата за романски јазици и книжевности)

Проф. д-р Елисавета Поповска (претседател на ЗПФРМ)

 

Pokana Simpoziumot 4-5 noemvri 2016 na makedonski i na francuski.pdf